Утрински Весник
Македонија

ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от во Ѓорче Петров

ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от во Ѓорче Петров

ДОМ апелира да не се усвои ДУП-от со кој се планираат огромни објекти во подрачјето на третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец, во општина Ѓорче Петров.

Иако со планираните 20% зеленило на парцела, Законот за урбано зеленило формално е применет, во овој план од претходно 80% слободни површини се предвидени само 9% јавно зеленило. Дополнително, изградбата на објекти во третата заштитна зона на бунарите Нерези-Лепенец и копањето во длабочина за реализација на подземни паркиралишта, може да направи огромна штета, велат од партијата.

ДОМ инсистира да запре искористувањето на слободните површини во Скопје за изградба на згради и деловен простор. Бетонирајќи ги слободните површини, засекогаш се оневозможува да се постигнат, од постојните 9 м2, со закон утврдените 25 м2 зеленило по жител. Недостатокот на зеленило и зголемувањето на густината на изграденост штетно влијаат на квалитетот на воздухот, локалната клима и квалитетот на живот и здравјето на граѓаните во урбаните средини, додаваат од ДОМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана

Во Брвеница до 15 часот гласале 5.064 граѓани

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти