Утрински Весник
Економија

Доларот падна втор ден по ред, падна и цената на нафтата

НА девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред и дополнително се лизна од највисокото ниво во последните 20 години.

dobivaj vesti na viber

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,50 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,78 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 138,35 на 137,95 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0135 долари, додека вчера во ова време беше 1,0105 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово благо паднаа, откако вчера скокнаа за околу 5 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,39 отсто, на 105,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 102,40 долари.

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ