Утрински Весник
Култура

Документарен филм „100 години фудбал во Охрид“

Документарен филм „100 години фудбал во Охрид“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, на 11. февруари, петок, ќе биде прикажан документарниот филм „100 години фудбал во Охрид“.

Историчари, хроничари, поранешни фудбалери и спортски работници од сите генерации ја раскажуваат еден век старата фудбалска приказна на Охрид. Тие се потсетуваат на блескавите моменти на Фудбалскиот клуб Охрид формиран во далечната 1921 година, на блескавите генерации од 50-те, 70-те, 80-те и 90-те години, на незаборавниот меч од 16-на финалето на Купот на СФРЈ помеѓу Охрид и Борац Бања Лука, влезот во Првата лига, ривалството со Караорман, „Рибари“, легендарните моменти на Грашница, Воска и Полигонот за мали спортови, но и на лакрдиите со Љуботен, Борац Чачак и натпреварите од локалната лига кои влегоа во Гинис.

Филмот донесува интересни видувања и изнесува ексклузивни, до сега необјавени историски документи, поврзани со фудбалот во Охрид.

Документарниот филм „100 години фудбал во Охрид“, во центарот за култура ќе биде прикажан утре вечер, со почеток во 19 часот. Влезот е бесплатен.

Текстот Документарен филм „100 години фудбал во Охрид“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“