Утрински Весник
Магазин

Документарен филм за Ејми Вајнхаус одбележува 10 години од смртта на пејачката

Документарен филм за Ејми Вајнхаус одбележува 10 години од смртта на пејачката
Dik 300x250 mk

Семејството и пријателите на Еми Вајнхаус се осврнуваат на нејзиниот живот во нов документарец кој одбележува 10 години од смртта на пејачката, со потресни стории за патот до светска слава и битката со зависноста.

Раскажан од нејзината мајка Џенис Вајнхаус-Колинс, Reclaiming Amy
содржи домашни снимки, семејни фотографии и интервјуа со блиски пријатели кои се сеќаваат на посреќните и помрачните периоди на шесткратната добитничка на „Греми“.

Мајката, која има мултиплекс склероза, ретко зборува јавно за својата ќерка, но ја споделува својата верзија за настаните во документарниот филм, кој го порачаа британските „Би-би-си два“ и „Би-би-си мјузик“.

Филмот ќе се емитува во петок, 23 јули.

„Дури сега сфаќам колку малку сме разбирале,“ вели Вајнхаус-Колинс во филмот. „Таа беше склона кон зависност, не можеше да се запре. Зависноста е многу суров ѕвер.“

Еми, која се бореше со проблеми со пиење и дрога низ поголемиот дел од својата кариера, почина од труење со алкохол во нејзината куќа во северен Лондон на 23 јули 2011 година. Таа имаше 27 години.

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци остануваат смирени во секоја ситуација

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац