Утрински Весник
Економија

Доктор Фаучи е позитивен на Ковид-19

Ентони Фаучи (81) – американскиот експерт за заразни болести е инфициран со Ковид-19.

Националниот институт за здравје информираше дека се тестирал со брз антиген тест, но продолжува да работи од својот дом, додека закрепнува.

Оттаму додаваат дека Фаучи „моментно има лесни симптоми“.

Инаку Фаучи кој е целосно вакциниран, со примени две бустер дози, иако е главен советник за здравство на американскиот претседател, Џо Бајден, скоро немал близок контакт со него.

Можете да прочитате

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата нема да може ниту камати да плаќа

СДСМ: Следува нов ценовен удар – Мицкоски одбива повисоки плати,  граѓаните тонат во сиромаштија

ЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!