Утрински Весник
Свет

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19
Ss2

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за коронавирус за 50 евра.

Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија.

Ss1

Обвинетата докторка на новинарите им рекла дека ги издала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека некој го прележал коронавирусот.

Како што се наведува, за сертификат потребен е позитивен тест за ПЦР постар од десет дена и не постар од 180 дена. Една новинарка и се претставила на докторката како личност која била во контакт со заразено лице, но не била тестирана.

Лекарката и рекла дека нема проблеми и дека ќе и издаде потврда за 50 евра, под услов да биде тестирана за присуство на антитела.

Лекарската комора потврди дека добила пријава против докторката, но нема да ги открие деталите до крајот на постапката, пишува 24ur.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум