Утрински Весник
Политички Партии

Доко: Турската заедница во Македонија е заедно со украинскиот народ

Доко: Турската заедница во Македонија е заедно со украинскиот народ

Заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците и потпретседател на Партијата за движење на Турците (ТХП), Џабир Доко, ја посети Амбасадата на Украина во Скопје и оствари средба со амбасадорката Наталија Задорожњук, која информирала за најновата состојба во Украина.

Во соопштението објавено од кабинетот на Доко стои:

„Храбриот украински народ веќе 48 дена покажува како треба да се бори за слободата и цивилизациските вредности. Ваквата херојска смелост претставува вистински пример за целиот свет и заслужува почит. Република Северна Македонија цврсто и недвосмислено се солидаризира со украинскиот народ и нашата искрена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина ќе продолжи во сите сегменти. Силно сме убедени дека Украина ќе победи и заедно ќе станеме полноправни членки на ЕУ“.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт