Утрински Весник
Македонија

Доделени 15 подгрантови преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“

Мрежата ИЦЕДА објави повик за мали грантови за граѓански организации од регионот

Фондацијата „Метаморфозис“ информира дека се доделени 15 подгрантови преку првиот циклус од грантовата шема за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центри за поддршка на е-Влада преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, ко-финансиран од Европската Унија.

„15-те мали грантови се доделени на по 3 граѓански организации од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои во наредниот период, како дел од мрежата ИЦЕДА, ќе работат на воспоставување и управување со граѓански центри за поддршка на е-Влада, каде што ќе им помагаат на целните групи да користат одредени е-услуги кои ги пружаат институциите на локално или национално ниво, и ќе шират дигитална писменост“, се наведува во соопштението за јавност.

На 18.12.2020 беше остварена онлајн Почетна средба на националната мрежа за застапување ИЦЕДА во Северна Македонија, на која присуствуваа новите членови на мрежата, односно, Рурална Коалиција , АГТИС – Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка, и Здружение на граѓани СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје. Средбата беше насочена кон вмрежување на грантистите/ членовите на мрежата ИЦЕДА и нивно запознавање со проектот и мрежата ИЦЕДА, и нивното запознавање со правилата на проектно известување и видливост, како и идните чекори за градење на нивните капцитети.

Повеќе информации за малите грантови од Западен Балкан поддржани од ИЦЕДА може да се најдат на следниот линк: https://cutt.ly/VhBhiFh.

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија), НВО 35 ММ (Црна Гора) и Lëvizja MJAFT (Албанија).

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот