Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам
Img 7972

Струмица, 19 февруари 2020 (МИА) – Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на карикатуристот од Бразил, Ерико Жунгуеира Аурес и афористичарот Нинус Несторовиќ од Србија.

Сребрена плакета за карикатура доби Иваило Цветков од Бугарија, а бронзена Мирослав Георгиевски Миро од Северна Македонија. Наградата на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал ја доби македонскиот карикатурист Блаже Докулевски, а повеќе автори добија дипломи.

Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Александар Чотриќ од Србија, а бронзена на Валентин Димитров од Бугарија. Награда од Струмичкиот карневал доби македонскиот афористичар Атанас Крлевски, а дипломи им се доделени на тројца афористичари.

На 2 март ќе биде отворена изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам и на авторите ќе им бидат врачени наградите.

Фестивалот традиционално се одржува во рамки на Струмичкиот карневал, кој почнува на 26 овој месец и завршува на 4 март. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поранешен сопруг ја следел и вознемирувал жената две години, ОЈО бара притвор

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат