Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20. Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс“, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот којшто поради временските услови продолжува со програма уште денеска.
Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за LUX Award (Лукс награда).
„Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите 9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата!“
Жирито одлучи да ги додели следниве награди:
Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби
„Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли.
Во образложение за филмот, жирито вели:
„Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума.“
Во „SEE програмата“, награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик.
За кој жирито вели: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт.“
Програмата на „cinEdays“, за вечерва 22 јули (четврток), е со почеток од 20:30 на POP UP локацијата кај езерце Градски парк каде ќе ги гледаме кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer’s Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. мај, Тhe New Beginning.
Исто во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно, каде го гледаме последниот дел од Еко програмата, селекција на Ехо фестивал на планински филм: „On Thin Ice“, во режија на Henry M. Mix и „Mountain, Priest, Son“, во режија на John Seddon и Vaibhav Kaul.
По двете проекции, во 22 часот следува и филмот „Уште една тура“ на Томас Винтерберг.
Еко програмата e поддржана од UNICEF и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA)
Текстот Доделени наградите на 20. „Синедејс“ е превземен од МАКФАКС.