Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Доделени картичките за „зелена нафта, први ги добија земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе

Доделени картичките за „зелена нафта, први ги добија земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе
Img 7972

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Штип, Павел Иванов, денеска ги доделија првите картички за точење „еуродизел гориво за земјоделска механизација“. Бачовски информираше дека во подрачната единица во Штип се доставени вкупно 1.148 картички со вкупна вредност од 7,7 милиони денари.

„Од овој момент, освен земјоделците од Подрачната единица Штип, своите персонализирани платежни картички ќе може да ги подигнат и сите земјоделски стопанства кои спаѓаат во подрачните единици на МЗШВ во Велес и во Свети Николе. Веќе утре картички за „зелена нафта“ ќе може да подигнат и земјоделците од Тетово и Боговиње а наредните денови картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево. Од 26 – ти сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките со кои ќе може да точат субвенционирано „еуро дизел гориво“, истакна Бачовски.

Распределбата почнува од полјоделците кои штотуку ја завршија жетвата и од овогодинешната реколта и кога секој денар им е добредојден за да се подготват за есенска сеидба, велат надлежните.

Како и минатите години и оваа важат истиот начин и принцип на користење на картичките. Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крај на април 2022 година. Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури кои што се одгледуваат. Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари.

Можете да прочитате

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Пад на индустриското производство, намален и бројот на вработени во индустријата

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството