Утрински Весник
Македонија

Договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема со ЕК

Лекот „хлорокин“ (chloroquine) ставен на листата за укинување на царинската давачка

Скопје, 9 април 2020  (МИА) – Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од пристапување и потпишување на заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема меѓу нашата држава и Европската Комисија, и го задолжи и овласти министерот за здравство да го потпише и соодветно да го имплементира.

На оваа седница, како што соопшти Владата, е донесен заклучок за воспоставување на централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што нашата држава ги добива, а ќе раководи заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.

-Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени, ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции, се наведува во владиното соопштение.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Партија на пензионери: Шокирани сме од високите сметки за парно греење

ВЛЕН носи промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со детето од Кавадарци