Утрински Весник
Економија

Добиточниот пазар во Трубарево нема да работи поради болеста „син јазик“

Добиточниот пазар во Трубарево нема да работи поради болеста „син јазик“

ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сите сточари, трговци и угостители дека добиточниот пазар во населено место Трубарево овој вторник нема да работи.

Причината за затворање на пазарот е појавата на болеста „син јазик” кај говедата, овците и козите. Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), пазарите нема да работат сè додека трае оваа епидемиолошка состојба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

Од полноќ поевтин дизел и малку поскапи бензини

Лепиткова: Со современи стандарди, Иловица може да биде економски плус за целиот југоисток