Утрински Весник
Спорт

Добил повик и од Алжир и од Франција, следниот викенд играат меѓу себе!

Добил повик и од Алжир и од Франција, следниот викенд играат меѓу себе!

Талентот на Лион, Јанис Лага се најде во сосема невообичаена ситуација, откако доби повик и од француската и од алжирската репрезентација до 18 години за пријателскиот меч кој двете репрезентации ќе го играат следниот викенд.

Ова, секако, е обид на двете фудбалски федерации доволно да го импресионираат 17-годишниот Лага за да избере да игра под нивно знаме. Засега е дозволено да се настапува за една младинска репрезентација, за да се избере друга сениорска, како што ние дознавме со случајот со фудбалерот на Јувентус, Дејан Кулушевски, кој играше за македонската јуниорска репрезентација, пред да се одлучи за Шведска.

> Добил повик и од Алжир и од Франција, следниот викенд играат меѓу себе! <

Можете да прочитате

Tрка од Формула 1 шампионатот ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера