Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Добар почеток за „Тенет“ на киноблагајните во САД

Добар почеток за „Тенет“ на киноблагајните во САД
300x250 opst2

Имајќи предвид дека приближно 70% од киносалите во Северна Америка ги отворија вратите по шестмесечна пауза, „Ворнер Брос“ може да се пофали со прилично неверојатни резултати на киноблагајните со долго-очекуваниот епски трилер „Тенет“.

Најновиот филм на британскиот писател-режисер Кристофер Нолан, по премиерното прикажување викендов, инкасираше 20,2 милиони долари на американскиот бокс-офис, објави „Варајети“.

Трилерот се отвори на неколку меѓународни пазари пред неговото деби во САД, а во светски рамки се приближува до цифра од 150 милиони долари.

Првично, Тенет требаше да се појави во киносалите во јули, но беше одложен за август, и конечно почна да се прикажува изминатиов викенд. Филмот, во кој играат Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон, заработи 20,2 милиони долари од 2.810 киносали.

Факт е дека неколку големи синџири на киносали сè уште се затворени – Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско – што веројатно го чинеше филмот незаработени милиони долари во неговиот прв премиерен викенд.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“