Утрински Весник
Македонија

Дневните центри ПОРАКА спроведуваат индивидуални едукативни програми

Дневните центри ПОРАКА спроведуваат индивидуални едукативни програми

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Републичкиот центар за лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА и дневните центри – ПОРАКА спроведуваат адаптирана програма за психосоцијална поддршка и прилагодени индивидуални едукативни програми со корисниците на дневните центри и нивните семејства.

-Сите промени кои се случуваат околу нас делуваат на нашата перцепција и го менуваат секојдневниот ритам на живот. Така и оваа новонастаната ситуација внесува чувството на страв, загриженост, збунетост, анксиозност, очај, бесмисленост, безнадежност, неизвесност. Во услови на пандемија предизвикана од корона вирус, за чие надминување основно е да се почитуваат препораките за физичка изолација и останување дома, стручните тимови на РЦПЛИП-ПОРАКА и дневните центри –ПОРАКА во Скопје (Аеродром и Капиштец), Радовиш, Прилеп и Штип, спроведуваат адаптирана програма за психосоцијална поддршка и прилагодени индивидуални едукативни програми со корисниците на дневните центри и нивните семејства. Активностите се спроведуваат во домашни услови со употреба на телефонска и видео онлајн комуникација, се посочува во соопштението од ПОРАКА.

Психолошко-социјалната поддршка, како што наведуваат, ќе овозможи полесно надминување и прифаќање на новонастанатите состојби предизвикани од COVID-19 (корона вирусот) кај лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. ев/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Оставката на Таравари не е пристигната, нема ни предлог за гувернер!

Левица: Руинираниот систем за наводнување го доведува во опасност земјоделието во Овчеполието

Одбележан првиот Ден на македонските инженери – 105 години традиција и иновација