Утрински Весник
Свет

Дмитриј Рогозин: Руската програма за Месечината е десет пати поевтина од американската

Дмитриј Рогозин: Руската програма за Месечината е десет пати поевтина од американската

Руската програма за Месечината е неколку пати поевтина од американската, меѓутоа нејзините резултати нема да бидат помалку значајни, изјави шефот на руската државна вселенска корпорација, Дмитриј Рогозин, пренесува ТАСС.

„Добивме своја програма за Месечината. Таа „ тежи “десет пати помалку од американската, но нејзините резултати нема да бидат помалку важни за нашите научници“, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Според шефот на „Роскосмос“, во науката, кога има помалку ресурси, треба да ги одредите приоритетите и да оддите попреку  „наместо да го следите водачот со каубојска капа што не знае зошто и каде трча“.

Рогозин истакна дека неколку пати разговарал за програмата за Месечината со НАСА и со американски политичари.

“Најинтересно е што тие не можат точно да објаснат зошто треба повторно да одат на Месечината. Го прашав шефот на НАСА, Бриденстин, едноставно прашање: ако повторно слетате  на Месечината, само ќе докажете дека ги имате технологиите што ги имавте пред 70 години, а тој само воздивна“, вели Рогозин.

Шефот на „Роскосмос“ додаде дека Русија нема да учествува во ниту една „трка за Месечината“ сè додека не ја разбере поентата на фондот за награди.

Претходно, Рогозин истакна дека милитаризацијата на Месечината и на истражувањата на Месечината е неприфатлива, коментирајќи го написот на „Волстрит журнал“, во кој, повикувајќи се на информирани извори во американската влада и вселенската индустрија, се вели дека Министерството за одбрана на САД може да ја осигури безбедноста на базоте на НАСА на Месечината во иднина како и безбедноста на приватните мисии кои имаат за цел да најдат ресурси на површината на Месечината.

Весникот истакна дека проширената соработка помеѓу Министерството за одбрана на САД и НАСА е поврзана со потребата да се спротивстават на предизвиците што ги поставуваат Русија и Кина.

Москва повеќепати посочуваше дека Вашингтон планира да распореди оружје во вселената.

На 25 февруари 2020 година, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави на Конференцијата за разоружување дека сите планови на САД, Франција и НАТО да стават оружје во вселената стануваат пореални. Тој додаде дека не е доцна да се спречи конфронтација во вселената преку формирање заеднички правила на однесување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков