Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Ди Мајо: Италија евакуираше повеќе Авганистанци отколку која било членка на ЕУ

Ди Мајо: Италија евакуираше повеќе Авганистанци отколку која било членка на ЕУ
300x250 opst2

До 27 август италијанските воени авиони евакуираа повеќе од 4,8 илјади Авганистанци од земјата, вклучувајќи 1,4 илјади деца, објави италијанското Министерство за одбрана.

Министерот за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, ги пофали италијанските дипломати и војската за нивниот придонес во евакуацијата на цивилите.

„Евакуиравме повеќе авганистански граѓани отколку која било членка на Европската унија“, рече министерот за надворешни работи.

Досега, повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани од Авганистан, но илјадници други сѐ уште се на аеродромот.

„Нашиот императив е да не го напуштиме авганистанскиот народ, авганистанските жени или младите Авганистанци и сите оние кои покажаа голема желба за еволуција, за промени во текот на сите овие години “, рече Ди Мајо.

Тој додаде дека Италија, со помош на ОН, невладини организации и други земји, се надева дека ќе евакуира повеќе Авганистанци дури и по 31 август.

Германија евакуираше околу 4.000 Авганистанци, а илјадници, исто така, беа евакуирани во Велика Британија и САД.

Можете да прочитате

Емиратите го притискаат Нетанјаху да го прифати планoт на Трамп за Газа

Палестински извори: Најмалку 33 лица убиени во израелски напади во Газа

Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија