Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ди Канио: Меси е вознемјанин без емоции, не може да се споредува со Роналдо

Ди Канио: Меси е вознемјанин без емоции, не може да се споредува со Роналдо
Img 7972

На италијанската фудбалска легенда, Паоло ди Канио никогаш не му пречело да има контроверзни ставови, и сега тој се вмеша во „вечната“ дискусија за тоа кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, опишувајќи го Аргентиецот како „вонзејманин без емоции“.

Ова доаѓа по многу различните викенди за двете легенди – Роналдо постигна хет-трик за 3:2 победа над Тотенхем, додека Меси беше дел од тимот на ПСЖ кој „колабираше“ против Реал Мадрид, за потоа да биде исвиркан против Бордо.

„Меси си замина од теренот чешајќи си ја главата, тој нема емоции. Го преферирам Кристијано Роналдо. Дали сакате да седам на клупа против Ман Сити? Ќе си одам во Португалија, а потоа ќе се вратам и ќе постигнам хет-трик. Повеќе сакам човек кој има душа отколку вонзејманин без емоции“, вели Ди Канио за „Скај спорт Италија“.

Роналдо го пропушти 4:1 поразот од градските ривали Манчестер сити поради повреда на колкот, но се врати со својот 805., 806. и 807. гол во кариерата, со што го помина рекордот на Јозеф Бицан.

> Ди Канио: Меси е вознемјанин без емоции, не може да се споредува со Роналдо <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај