Утрински Весник
Магазин

Дијана Рос и „Квин“ ќе настапат на концерт за кралицата

Дијана Рос, „Квин“ и Адам Ламберт, „Дуран Дуран“ и сер Род Стјуарт се на списокот музички ѕвезди што ќе настапат на концерт во рамки на прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица.

Пред Бакингемската палата ќе се појават и Алиша Кис, Ханс Цимер, Мејбел и британскиот претставник на Евросонгот,  Сем Рајдер.

Платинестата забава во „Палас“ ќе ја следат 22,000 луѓе во живо и ќе се емитува на „Би-би-си уан“ на 4 јуни.

Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, ќе се врати 20 години по изведбата на покривот на палата за Златниот јубилеј на кралицата.

Легендарниот поп-бенд и нивниот фронтмен Ламберт ќе го отворат концертот за одбележување на годишнината од доаѓањето на кралицата Елизабета Втора на тронот.

Концертот, кој ќе трае два и пол часа, ќе има три бини и 3Д проекции преку фасадата на палатата.

Макета за тоа како ќе изгледа една од трите сцени пред Бакингемската палата

Велика Британија ќе ги прослави рекордните 70 години на тронот на својата кралица со четиридневна прослава, која започнува на 2 јуни.

Можете да прочитате

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак

„Тој се откажува од барањето за старателство“: судската битка на Анџелина и Бред е при крај