Утрински Весник
Свет

Дијалогот продолжува – наскоро нов разговор меѓу Лавров и Блинкен

Дијалогот продолжува – наскоро нов разговор меѓу Лавров и Блинкен

Вашингтон забележува знаци на интерес на Русија за дијалог за одговорот на САД на предлозите за безбедносни гаранции во Европа, изјави заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

– Како што е познато, ние испративме наши дипломатски предлози. НАТО го стори истото оваа недела. „Видовме некои знаци дека Русија е заинтересирана за контакти во врска со овие предлози“, изјави Нуланд за телевизијата CBS.

Таа посочи дека еден од сигналите за интересот на Москва е дека „државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров најверојатно ќе разговараат во текот на наредната недела“.

На 17 декември 2021 година, Министерството за надворешни работи на Русија објави нацрт-договори со САД за безбедносни гаранции, како и договори за мерки за обезбедување на безбедноста на Русија и земјите-членки на Северноатлантската алијанса.

Документот, меѓу другото, вклучува одредби за нераспоредување на ракети со среден и краток дострел во меѓусебен дострел, откажување од натамошното проширување на НАТО на сметка на поранешните советски републики и намалување на бројот на воени вежби.

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја