Утрински Весник
Македонија

Дичев: Политичките елити потфрлија, но телевизиските серии може да ги зближат Македонците и Бугарите

Дичев: Политичките елити потфрлија, но телевизиските серии може да ги зближат Македонците и Бугарите

Нашата балканска политика е очигледна катастрофа. За три дена, Каракачанов го постигна она за што на Тито му требаа триесет години – нашите соседи нè замразија поискрено од кога било, а европскиот притисок расте, така што на крајот Скопје ќе влезе во ЕУ против наша волја. На крајот ние пак ќе останеме навредени и осамени. Но има надеж, пишува, професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија, во колумна за „Дојче Веле“.

Дичев вели дека Бугарија сосема погрешно влегла во целата ситуација со заедничката историска комисија и дека тоа што го изнесуваат бугарските научници нема голема важност за сегашноста.

„Патот по кој тргнавме со оваа несреќна историска комисија е очигледно погрешен. Нашиот проблем со Македонците не се историските факти, туку идентитетите изградени во текот на 20 век. Моја почит кон научниците кои изнесуваат архивски документи и сведоштва, но овие работи се важни за нивната наука, не за сегашноста“, вели професорот.

Тој нагласува дека е смешно да се зборува за кражба на историјата – бидејќи историјата веќе се случила, и сегашната политичка волја не може да ја менува, како што порано се правело во комунизмот, а идентификацијата е неприкосновено право.

Професорот Ивајло Дичев смета дека современата култура може да биде патот кон зближување, посочувајќи како пример на две популарни телевизиски серии.

„…ми се чини дека живата современа култура е патот кон зближување со нашите соседи – зближување на идентитетите, а не на фактите, предложени од некакви експерти. Имено, тука телевизијата може да игра водечка улога. Главниот жанр денес станаа сериите, а резултатот е дека гледачот со денови живее буквално во кожата на некои ликови, пренесен во нивниот свет. Сакале или не, сериите вршат важна интеркултурна работа, нурнувајќи нè во друг свет, подлабоко од филмовите претходно. Земете ја нашата „Прикриено“ – македонскиот гледач е пренесен во посткомунистичка гангстерска реалност, ем позната ем бугарска. И обратно, македонската ТВ-серија „Преспав“, која се потсмева на балканските шашми во едно семејство, ќе ни биде смешна токму затоа што се случуваат работи што се болно познати, иако во малку поинаква средина. Белгискиот балканист, проф. Рејмонд Детрез исто така вели: ваквите продукции ќе ни овозможат да ја надминеме фиксацијата на минатото, да ја видиме сегашноста на соседите, кои националните идеологии нè научија да ги потценуваме“, вели Дичев во колумната.

Тој вели оти е свесен дека ваквиот пристап може да биде оценет како примитивен, но и тоа, вели Дичев, не е лошо, кога веќе политичките елити го спречиле зближувањето сососедите.

„Нашите елити очигледно не успеаја да изградат мостови меѓу нас. Тие го спречија секој обид за зближување со соседите како национално предавство. Патем, не без поддршка од „големите сили“, кои во овој регион решија да си ги мерат геополитиките. Високата култура кај нас гледа на запад, згрозена е од соседите, кај кои гледа огледало за сопствената „заостанатост“. Каде беа возвишените души да се мобилизираат кога Софија ги удри од зад грб своите браќа од Скопје?“, пишува Дичев во колумната за „Дојче Веле“

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за поранешен министер за култура

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука