Утрински Весник
Македонија

Дистрибуција на хуманитарни пакети за 555 семејства од ранливите групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје

Дистрибуција на хуманитарни пакети за 555 семејства од ранливите групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје
Ss2

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Тимови на Црвениот крст на Град Скопје денеска започнаа со дистрибуција на хуманитарни пакети за граѓаните од ранливите категории групи, кои се директно погодени од КОВИД-19 пандемијата на територија на главниот град.

Хуманитарни пакети, донирани преку финансиската помош од компанијата Империал Тобако ТКС Скопје, содржат прехранбени производи и хигиенски средства и ќе им бидат доставени на 555 семејства на кои им се најпотребни.

300x250 (7)

– Една од задачите на Црвениот крст е да им го олесни секојдневието и да го помогне функционирањето на ранливите групи граѓани кои се најпогодени од пандемијата. Во ваквите активности од големо значење е помошта што ја добиваме од компаниите кои преку своите донации земаат активно учество во борбата против КОВИД-19 и истовремено им помагаат на лицата на кои помошта им е најпотребна. Ваквиот придонес е од исклучителна важност во справувањето со пандемијата, но истовремено овие континуирани активности создаваат услови во кои бизнис секторот зема удел во решавањето на акутни општествени прашања, изјавил секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска, стои во соопштението.

Средствата што Империал Тобако ТКС Скопје ги донира, се појаснува во соопштението од Црвениот крст на Град Скопје, се употребени за набавка на храна, хигиенски и заштитни средства наменети за социјално ранливи групи граѓани – лица во изолација, социјално загрозени семејства на заболени од КОВИД-19 и лица кои ја загубиле работата или драстично им се намалени приходите поради економските последици од пандемијата.

– Вкупната донација изнесува речиси еден милион денари со што загрозените семејства на територијата на град Скопје ќе добијат два хуманитарни пакети, еден со прехранбени производи и друг со хигиенски и заштитни средства, се подвлекува во соопштението.

При справувањето со КОВИД-19, Црвениот крст на Град Скопје презема поголем број активности поврзани со социјално загрозени семејства, меѓу кои и координирање на донации за здравствените институции, обезбедување итни социјални и здравствени сервиси, психо-социјална поддршка, медицинска заштита, информирање на јавноста за справување со коронавирусот и слично. цр/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура и нови капитални инвестиции

Спасовски: Платите се зголемени за 35 проценти во МВР од 2017 до 2023

Арбр Адеми: Секој глас за „Вреди“ е глас за ВМРО-ДПМНЕ