Утрински Весник
Свет

Директорот на црногорскиот институт за јавно здравје призна дека немаат контрола над пандемијата

Директорот на црногорскиот институт за јавно здравје призна дека немаат контрола над пандемијата

Директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ изјави денеска дека не ја контролираат епидемијата на коронавирусот.

„Во последните седум дена, едно лице се разболува на секои две и пол минути, или едно лице умира на секои 150 минути“, рече Галиќ.

Во последните 24 часа починаа 13 лица, а вкупно 1111 за време на епидемијата. Во последните седум дена починаа 65 лица.

“Процентот на позитивни, новорегистрирани случаи во однос на бројот на тестирани веќе подолго време се движи од 25 до 30 проценти. За да можеме да кажеме дека контролираме една епидемија, тој сооднос мора да биде пет проценти”, нагласи Галиќ.

Тој посочи дека „локалното пренесување се изразува и се зголемува“ и дека 13% од населението е веќе заразено или се заразило со коронавирус.

Галиќ изјави дека нема податоци за тоа дали имало случаи на инфекција со вирусот по вакцинирањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Изреал уби уште еден командант во Хезболах

Шолц: Подготвен сум да разговарам со Путин за решавање на ситуацијата во Украина

Помошта пристигна во северниот дел на Газа за прв пат по две недели