Утрински Весник
Спорт

Директорот на Премиер лигата: Играчите можат да ги продолжат договорите што истекуваат на 30 јуни, до крајот на сезоната

Сити против Јунајтед во полуфиналето на ЕФЛ

Лондон, 12 мај 2020 (МИА) – Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс зборуваше за договорите на играчите со клубовите. Тој рече дека фудбалерите имаат право ги продолжат договорите кои истекуваат во јуни, до вистинскиот крај на сезоната, прекинати во март заради пандемијата на коронавирус.

Претходно беше најавено дека првенството на Англија може да продолжи на 12 или 13 јуни.

– Одлучивме да сториме сé што е можно, за екипите да ја завршат сезоната во истите ростери како пред суспензијата на првенството. Се согласивме дека играчите можат да ги продолжат договорите што истекуваат на 30 јуни до крајот на сезоната, но за тоа е потребен меѓусебен договор, соопшти Мастерс.

Одлуката за обновување треба да се донесе најдоцна до 23 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лидерот Вардар домаќин на Еурофарм Пелистер 2

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026