Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Директорот на АВМУ: Професионални медиуми и медиумски писмени граѓани се клучни за борба против дезинформации

Директорот на АВМУ: Професионални медиуми и медиумски писмени граѓани се клучни за борба против дезинформации
300x250 opst2

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски учествуваше на регионална онлајн конференција за справување со предизвиците од дезинформациите во Западен Балкан, којашто се одржа на 11 и 12 ноември 2020 година.

На панел дискусијата посветена на справувањето со дезинформациите од институционална перспектива, Трајчевски посочил дека постои наплив на дезинформации чиј интензитет се зголемува во зависност од актуелните случувања.

„Во трката за ексклузивност и поголема публика, повеќето држави, меѓу кои и нашата се соочија со појавата на дезинформации или недоволно проверени информации кои предизвикаа дополнителен проблем во справување со и заштита од Ковид-19“, истакнал тој.

Директорот посочил дека во неколку наврати, Агенцијата јавно реагирала и повикувала на почитување на професионалните новинарски стандарди и на неопходноста од точно и навремено информирање на граѓаните.

„Сите ние, без оглед дали станува збор за регулаторни тела, граѓански асоцијации, новинарски здруженија, или државни институции, сме соочени со бројни предизвици, но сепак, не треба да заборавиме дека имаме заедничка цел – а тоа се професионални медиуми и медиумски писмени граѓани“, истакнал Трајчевски на панел дискусијата.

Конференцијата ја организираше Советот за регионална соработка, во соработка со ОБЦ ТрансЕвропа, Европската служба за надворешно дејствување на ЕУ и Европскиот центар за борба против хибридни закани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден