Утрински Весник
Сцена

Дипломати на ОН снимија песна (видео)

Дипломати на ОН снимија песна (видео)

 

Њујорк, 24 април 2020 (/) – Бендот „УНРокс” основан од шестмина дипломати, поранешни и сегашни амбасадори на Обединетите Нации, заедно со повеќе пријатели сними нова верзија на песната „Heal the World” на Мајкл Џексон.

Оваа преработка e посветeна нa сите здравствени работници – хероите на првите борбени линии на фронтот во борбата против корона-епидемијата.

Еден од членовите на бендот е Милан Милановиќ, амбасадор на Србија во ОН. Во составот, за песнава, се и Симона Микулеску (Романија), Гиљермо Ришчински (Канада), Антонио Педро Монтеиро Лима (Република Зелен ’Рт), Едуардо Улибари (Костарика) и Марлен Мозес (Науру) и дваесетина други. Бендот соработува и со познатиот композитор Гери Фрај.

Песната ја обележува и 75- годишнината од основањето на Обединетите Нации.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка