Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Диого Жота на „Енфилд“ до 2027 година

300x250 opst2

Диого Жота потпиша нов петгодишен договор со англискиот премиерлигаш Ливерпул кој го награди неговото импресивно влијание откако пристигна од Вулверхемптон во 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Португалскиот репрезентативец имаше уште две години од петгодишниот договор што го потпиша по неговиот трансфер вреден 45 милиони фунти. Сепак, раководството на Ливерпул му понуди нова соработка со подобрени лични услови до 2027 година.

„Многу сум горд што го носам дресот на Ливерпул и среќен сум што соработката ќе продолжи и во наредните години. Верувам дека заедно ќе оствариме нови успеси“. изјави Диого Жота.

Жота постигна 34 гола на 85 настапи за Ливерпул, а неговата разновидност во навалната линија се покажа како одлична опција за менаџерот Јирген Клоп.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица