Утрински Весник
Спорт

Динамо Загреб тргна по Аргентинецот Охеда

Динамо Загреб тргна по Аргентинецот Охеда

Динамо Загреб се подготвува, во зимскиот преоден рок, да го урне клупскиот рекорд. Челниците на „модрите“ имале намера да го ангажираат 23-годишниот Аргентинец, Мартин Охеда. За овој играч интерес покажале и неколку клубови од американската МЛС.

Охеда, минатата сезона за Годој Круз постигна 12 голови. Според информациите тој ги покрива сите позиции во нападот.

Неговата цена изнесува 6.000.000 евра. За да се пресели во Загреб, Динамо ќе треба да го урне клупскиот трансфер-рекорд. Во минатото клубот за Марко Рог плати 5.000.000 евра.

> Динамо Загреб тргна по Аргентинецот Охеда <

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера