Утрински Весник
Македонија

Димитров ја започнува балтичката турнеја

(Видео) Димитров: Како што се борев за нашата европска иднина, така сега ќе се борам за правна држава

Вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров, денеска во Латвија ја почнува балтичката турнеја.

Во рамки на денешната посета на Латвија, Димитров ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.

„На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома“, соопштија од кабинетот на Димитров.

Можете да прочитате

Сниман, препознаен, но непроцесиран – дали системот затаил и дозволил осомничениот да стане сериски убиец во кумановско?

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците