Утрински Весник
Македонија

Димитров се сретна со португалската амбасадорка Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина

Димитров се сретна со португалската амбасадорка Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина

Во пресрет на денешното заседавање на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург под португалско претседателство, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров се сретна со амбасадорката на Португалија со седиште во Белград, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина.

На средбата беше дискутирано за активниот ангажман на португалското претседателство за отстранување на пречките за одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, при што вицепремиерот Димитров изрази благодарност за улогата на Португалија како искрен посредник во однос на европската перспектива на нашата држава.

„ Португалското претседателство навистина го одржа ветувањето дека во рамките на надлежностите и своите можности ќе направат сè што е во нивна моќ за да се динамизира европското досие на Северна Македонија. Португалскиот предлог е добра појдовна основа за решение, но и силен поттик за продолжување на реформскиот процес и инкорпорирање на европските вредности дома. Посредничката мисија предводена од нашите португалски пријатели е многу важна и за зајакнување на кредибилитетот на Европската Унија и поместување на позициите во однос на процесот на проширување“ рече Димитров.

Двајцата разменија ставови за актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија и регионот, а кои беа дел од агендата на португалското претседателство и исполнувањето на приоритетите од агендата, како и перспективите за време на следното претседателство, кое Словенија го презема од 1 јули.

Можете да прочитате

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување