Утрински Весник
Македонија

Димитров: Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот

Димитров: Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Романија во Северна Македонија, Виорел Станила.

„ Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот која што беше високо на листата на приоритетите на романското претседателство со Советот на Унијата за што сме благодарни” рече Димитров.

Тој се заблагодари и за искреното пријателство, за личниот ангажман на амбасадорот и помошта на Романија во остварувањето на евроатлантските процеси на нашата држава, посакувајќи му успех во неговите понатамошни професионални и лични планови.

Двајцата ги потврдија блиските билатерални односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи ја соработката во рамките на ИПА-инструментите, ТВИНИНГ и ТАИЕКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка

Тешка кражба и полово вознемирување, кривични пријави за полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци

Петровска: Ако службите се неспособни, оставки треба да поднесат министерот и директорите