Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров: Предизвикот кој што ни е наметнат, е предизвик и за ЕУ и нејзиниот идентитет

Димитров: Предизвикот кој што ни е наметнат, е предизвик и за ЕУ и нејзиниот идентитет
300x250 opst2

Посветеноста на пријателска Германија и подготвеноста да продолжат да го туркаат проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан високо на агендата на ЕУ, дури и по завршувањето на нивното претседавање, е уште една потврда за сработеното од наша страна и потребата од испорачување на обврските од другата, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панелот„Германското претседавање со Сооветот на ЕУ: неговите рефлексии внатре и надвор од ЕУ”.

Навраќајќи се на германското претседавање со Советот на ЕУ во изминатите 6 месеци, Димитров нагласи дека Германија уште еднаш на дело ја покажала својата недвосмислена поддршка за нашиот евроинтегративен пат, притоа заблагодарувајќи се за инвестираните напори и германските принципиелни ставови.

„Предизвикот кој што ни е наметнат, е предизвик и за ЕУ и нејзиниот идентитет, но и за нејзините принципи по која ја препознаваме“, додаде вицепремиерот.

Со цел европскиот неуспех да не биде и наш неуспех, Димитров смета дека најдобриот одговор што Северна Македонија може да го даде во ситуација кога постојат објективни пречки на кои не може да влијаеме, е пронаоѓање на креативни решенија и користење на сите средства кои ни се на располагање за зајакнување на реформската агенда во најзначајните полиња.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру

Филипче од Дојран: Оставивме дела, а не зборови, Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти