Утрински Весник
Македонија

Димитров: Пакетот на ЕУ од 70 милиони евра е од голема важност за приоритетните групи за вакцинација

Димитров: Пакетот на ЕУ од 70 милиони евра е од голема важност за приоритетните групи за вакцинација

Владата го поздравува денешното усвојување на пакетот од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за финансирање на пристапот на земјите од Западниот Балкан до вакцини против Ковид-19, набавени за земји членки на ЕУ од страна на Европската комисија, порача денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„ЕУ е нашиот најважен и најблизок пријател во сите фази на пандемијата. Ја поздравуваме одлуката да се обезбедат 70 милиони евра за да се покрие трошокот за вакцини за приоритетните групи, како и опрема потребна за да се изврши вакцинацијата. Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат засилени напори и координирање што треба да овозможат итен пристап до вакцини за Западниот Балкан како клучен исчекор кон завршување на пандемијата“, нагласи Димитров.

Од Секретаријатот за европски прашања појаснуваат дека пакетот од 70 милиони евра ќе се исплаќа во форма на грантови кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцините за приоритетните групи во регионот, како и за потребната опрема за вакцинација.

Тоа ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да набават вакцини од Договорите за авансна набавка на ЕУ со шест производители, а одделни земји членки на ЕУ ќе споделат дел од нивните претходно доделени дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите