Утрински Весник
Македонија

Димитров: Не е време за патување во странство

Димитров: Не патувајте

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Не е време за патување во странство. Државите ги менуваат своите политики на дневна основа. Значи, македонски граѓани кои денеска ќе излезат надвор од границите, апсолутно е неизвесно кога ќе може да се вратат дома, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Од утрово сме во комуникација со многу наши граѓани. Дури имаме една многу мала група во Лима, во Перу. Искрено мора да се разбере дека живееме во една неверојатна криза. Државите ги менуваат своите политики на дневна основа. Утрово добивме нова нота од соседна Србија. Значи македонски граѓани кои денеска ќе излезат надвор од границите, апсолутно е неизвесно кога ќе може да се вратат дома. Не е време за патување во странство, изјави Димитров во ликовско вклучување за телевизија „24“.

Истакна дека иако неговата фукција налага да патува постојано, сепак ги откажал сите патувања.

– Имав панел и требаше да бидам во Париз, но се одржа дигитално. Сега и премиерот Спасовски имаше дигитална конференција со лидерите на Балканот што ја организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц. Се се префрлува дигитално. Ќе имаме дигитална посета и на Михаил Рот, германскиот министер за европски прашања. Значи телефони и видео врски, наместо средби во живо, рече Димитров. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег