Утрински Весник
Македонија

Димитров на видео конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Димитров на видео конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе учествува на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).

Како што соопшти МНР, видео-конференцијата ќе се фокусира на потребата од преземање на неопходни мерки преку регионална солидарност со цел ублажување на импликациите што пандемијата од КОВИД-19 ги има, пред се, врз здравјето, но и врз социо-економскиот живот на граѓаните во земјите членки на иницијативата. За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и идна фаза од справувањето со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Северна Македонија првпат ќе учествува на министерскиот состанок, откако на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR). Оваа година, организатор на редовниот министерски состанок е Србија, како претседавач со иницијативата. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет