Утрински Весник
Македонија

Димитров: Март е тест за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ

Димитров: Март е тест за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ

За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Солун, соопшти МНР.

Тој на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”. Министрите за надворешни работи од регионот на Западен Балкан и од земји-членки на ЕУ кои граничат со Регионот, заеднички се заложија за силна, стабилна и обединета Европа во мир преку целосна интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија.

– Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание. Што се однесува до нас, не сме совршени, но сметам дека сите ќе се согласите дека изградивме силно досие и испорачавме. Крајно време е и да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех – порача Димитров.

Во заедничка изјава од конференцијата се изнесува очекување дека согласно препораките на Европската комисија, ЕУ ќе донесе одлука за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб во мај 2020 година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Поплави и свлечишта во Полошкиот Регион, нормализирана состојбата во Кичево, во Кумановско нема опасност од излевање на реките

Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

Менаџер на продавница од дневниот промет си присвоил речиси 2,8 милиони денари