Утрински Весник
Македонија

Димитров до советникот на Меркел: Прва меѓувладина конференција за време на германското претседателство би била огромен поттик

Димитров до советникот на Меркел: Прва меѓувладина конференција за време на германското претседателство би била огромен поттик

Во рамки на агендата од првиот ден во Берлин, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров оствари средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел на која беа реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка, информираат од владината прес-служба.

„Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде влог во кредибилитетот на Унијата во регионот и огромен поттик за Северна Македонија да ја изоди клучната етапа од патот кон членство во ЕУ“, посочил Димитров на средбата.

Вицепремиерот Димитров се сретнал и со Хелге Токсдорф, копретседавач на Мешовитиот економско-управувачки комитет меѓу Северна Македонија и Германија со кого разговарале за можностите за зголемување на соработката, со оглед на значајните германски инвестиции на македонскиот пазар.

Во однос на европската перспектива и тековните случувања за финализирање на рамката, Димитров разменил мислења и со Валеска Еш, заменик извршен директор и програмски директор за Европа на Аспен Институтот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонци од Бахреин во среда заминуваат кон Ријад, од таму со владин лет за Скопје

Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници”

Хаос во Штип: Лажно се претставил како полицаец, украл службено возило и нападнал полицаец