Утрински Весник
Македонија

Димитров денес и утре во Берлин на средби со високи претставници на новата германска влада

Димитров денес и утре во Берлин на средби со високи претставници на новата германска влада

Денес и утре , заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.

Во програмата се предвидени средби со високи претставници на новоформираната германска влада, вклучително и со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров.

Тој ќе ја искористи посетата уште во првите денови од мандатот на владата на канцеларот Шолц да го насочи вниманието кон европското досие на Северна Македонија и ангажманот на Германија во регионот, информираат од неговиот кабинет.

Покрај средбите во МНР и Бундестагоот, Димитров ќе го покрене прашањето за евроинтеграцијата на регионот и на годишната конференција на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR) – клучен настан на европскиот политички календар што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата.

Вицепремиерот Никола Димитров во мај годинава стана официјален член на ЕЦФР, водечка меѓународна тинк-тенк организација, посветена на европската надворешна и безбедносна политика.​

Можете да прочитате

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Пекевски: 950 евра минимална во Словенија, а храната поевтина од Македонија