Утрински Весник
Македонија

Димитров во Шпанија на разговори за Потоколот за НАТО и за преговорите со ЕУ

Димитров за МИА: Законот за ЈО пред избори тест за сите дали фактички или само декларативно се за ЕУ

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.

Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.

Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.

Собранието на РСМ поради распуштање за предвремените парламентарни избори минатата недела предвреме го усвои протоколот за членство на државата во НАТО, а ратификацијата почнува да важи по објавата во „Службен весник“ откога шпанскиот парламент ќе ја изгласа како последна 29-та членка на НАТО. Со тоа ќе се заокружи процедурата и државата ќе стане 30-та полноправна членка на алијансата. вг/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство