Утрински Весник
Македонија

Димитров во работна посета на Берлин

Димитров во работна посета на Берлин

На покана на државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин.

Ова е прва посета на претставник на Владата по нејзиното формирање, а воедно и прва за време на германското претседавање со Советот на ЕУ. Германија како актуелен претседавач со Унијата го води процесот на усогласување на Преговарачката рамка, клучниот документ согласно кој што ќе се водат преговорите.

Во рамки на посетата предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Меркел, Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за нашата европската иднина.

Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на реализација на веќе утврдената заедничка цел на Северна Македонија и Германија – одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава. Покрај размената на мислења за динамиката на усвојување на рамката, вицепремиерот Димитров ќе ги отовори и прашањата за регионалната соработка во контекст на Берлинскиот процес чиј иницијатор е токму Германија, како и можностите за унапредување на билатералната развојна соработка и трговските односи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие