Утрински Весник
Македонија

Димитров во Берлин: Значајно е да се усвои економскиот-инвестициски план за регионот

Димитров во Берлин: Значајно е да се усвои економскиот-инвестициски план за регионот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По вчерашните средби со советникот на претседателот Штајнмаер и советникот на канцеларката Меркел, вицепремиерот Димитров денес во германското сојузно министерство за надворешни работи ги продолжува разговорите главно фокусирани на динамиката на усвојување на Преговорачката рамка.

Тој имаше средба со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики и со Сузане Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на која што беше разговарано за напорите за затворање на преговорите за Повеќегодишната финансиска рамка 2021 – 2027, со што ќе се финализира и Рамката за финансиска поддршка за регионот. Во фокусот на средбата беше и размена на мислења во однос на заедничката цел: отворање на пристапните преговори годинава.

„Во светло на обезбедувањето на финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан особено ќе биде значајно усвојувањето на Економскиот-инвестициски план за регионот, во функција на забрзување на економскиот развој и подобар животен стандард на граѓаните во регионот“, рече Димитров.

Се разговараше и за можностите за зајакнување на билатералната соработка, имајќи ја предвид воделчката улога на Германија како твининг партнер во спроведување на реформите во делот на владеење на правото, но и во областите на политика на конкуренција, јавни набавки, статистика, земјоделство итн.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полицијата заплени над 25 тони пиротехника кај Градско, приведен и полициски службеник од Скопје

Преку социјална мрежа измами маж од Гостивар за 2.000 евра

Мицкоски: Очекувам јавен обвинител да се позанимава со кривичните пријави во фиоките на обвинителите, народот бара правда