Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Уште двајца починати од Куманово

Димитриевски:  Уште двајца починати од Куманово
Img 5587

Скопје, 6 април 2020 (МИА) –  Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва  при учеството во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.

Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.

Img 5587

Во емисијата ги сподели и искуствата во справувањето со ширењето на вирусот и карантинот што беше спроведен во тек на викендот.

Како што соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус  во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга  и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања. лв/хс/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Маж загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Загина млад скопјанец во тешка сообраќајка, жена и две деца в болница