Утрински Весник
Спорт

Димитриевски капитулираше во 92.минута – Осасуна го победи Рајо Ваљекано

Димитриевски капитулираше во 92.минута – Осасуна го победи Рајо Ваљекано

Осасуна го победи Рајо Ваљекано со 1:0, во првиот меч од саботната програма во Примера. Столе Димитриевски, голманот на Рајо Ваљекано, капитулираше во 92.минута.

Единствениот гол го постигна Ману Санчез. Левиот бек, кој во Осасуна игра како позајмен играч од Атлетико Мадрид, го постигна првиот гол во кариерата, во сениорска конкуренција.

Одбраната на Осасуна, успеа да ја запре серијата на Радамел Фалкао. Колумбискиот ветеран постигна три гола, на првите три натпревари во дресот на Рајо.

Со овој пораз, Рајо Ваљекано, ја завршија серијата од три натпревари без пораз.



> Димитриевски капитулираше во 92.минута – Осасуна го победи Рајо Ваљекано <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина