Утрински Весник
Сцена

Дилан објави песна за Кенеди, која трае 17 минути (видео)

Дилан објави песна за Кенеди, која трае 17 минути (видео)

Лос Анџелес, 27 март 2020 (/) – Американскиот кантавтор и нобеловец, Боб Дилан издаде нова авторска песна по осум години. Композицијата говори за убиството на прочуениот претседател на САД – Џон Ф. Кенеди.

„Поздрав за сите мои обожаватели и следачи. Ви благодарам на поддршката и посветеноста сиве овие години. Ова е досега необјавена песна, којашто ја снимивме пред некое време и мислам дека ќе ви биде интересна. Останете безбедни, внимателни и Бог нека е со вас“, објави Дилан на Твитер.

Нумерата е насловена „Murder most foul“ и трае 16 минути и 57 секунди, што ја прави најдолга песна во кариерата на поп-пејачот. Неговата „Highland” oд 1997 година, за споредба, траеше 16 минути и 31 секунда.

Боб Дилан (78) – уметник, музичар, писател и глумец, се смета за икона на рок-музиката. неговата кариера трае веќе речиси пет децении, а списанието „Ролингстон“ го има рангирано како втор најважен изведувач во историјата на музиката, зад „Битлс“. си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка