Утрински Весник
Македонија

ДИК до утре треба да ги потврди кандидатските листи

ДИК до утре треба да ги потврди кандидатските листи

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Државната изборна комисија денеска, а најдоцна утре треба да ги потврди кандидатските листи на коалициите и политичките партии за учество на изборите на 12 април.

Кандидатски листи до ДИК поднесоа 15 коалиции и политички партии, а досега е потврдена само листата на партијата Глас за Македонија за пет изборни единици.

Според последните измени на Изборниот законик сега постапката поради проверката на кандидатите трае подолго. Уверенијата за неосудуваност и други податоци се проверуваат преку судовите од страна на ДИК и за доставување до ДИК судовите имаат 24 часа да одговорат електронски, а потоа документите да ги достават до Комисијата по пошта. Има рок и за отстранување на неправилностите на листите.

Од ДИК велат дека во некои од листите кои допрва треба да се потврдуваат се забележани одредени неправилности, како на пример не е запазена законската одредба за соодност мажи – жени.

По потврдувањето на кандидатските листи од ДИК, со жрепка ќе биде одреден редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека