Утрински Весник
Македонија

ДИК ги корегираше резултатите – пронајдени дополнително уште 1416 гласачи

ДИК ги корегираше резултатите – пронајдени дополнително уште 1416 гласачи
Dik 300x250 mk

Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок со кој се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките во четвртокот доцна попладне по предвремените парламентарни избори.

Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.

Во четвртокот кое беа презентирани неофицијалните резултати од изборите, ДИК соопшти дека на предвремените парламентарни избори, што се одржаа во неделата се регистрирани 31.466 неважечки ливчиња. Како што беше информирано на јавна седница на Државната изборна комисија, врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии и целокупниот материјал утврдено е дека вкупниот број на избирачи е 1.814.236, од кои 942.334 гласале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?