Утрински Весник
Македонија

ДИК ги запре дејствијата за предвремените парламентарни избори поради вонредната состојба за справување со Ковид-19

Деркоски: Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука за парламентарните избори
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април постапувајќи по Уредбата со законска сила што ја донесе Владата на Република Северна Македонија.

-Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на Општинските изборни комисии. Сите изборни дејствија кои се преземени до 22 март 2020 се сметаат за важечки. Сите преостанати дејствија што произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник што ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба со донесувањето на нова уредба на Владата за продолжување на изборниот процес, рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски предлагајќи го заклучокот.

Screenshot

Деркоски исто така посочи дека ДИК ќе ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите.

Државната изборна комисија, како што појасни, Деркоски веднаш по изменетата ситуација односно по носењето на новата уредба на Владата за продолжување на изборните дејствија ќе мора да донесе ревидиран роковник за изборите.

-Ова, пред се, се однесува на Избирачкиот список, дејствијата што се поврзани со него, увидот, заклучувањето на Ибзирачкиот список и друго, информираше Деркоски.

Владата на Република Северна Македонија на синоќешната 25 седница донесе Уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите на 12 април и за сите прашања поврзани со изборниот процес, соопшти владината прес-служба.

Оваа одлука Владата ја донесе заради вонредната состојба прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19, и заради тоа што Собранието на Република Северна Македонија не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

Со оваа Уредба Владата ја задолжи ДИК да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба.

Уредбата исто така, определува задолжување за ДИК во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија. ев/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија