Утрински Весник
Македонија

Дигитална апаратура за гевгелиската физикална терапија

Дигитална апаратура за гевгелиската физикална терапија

Гевгелија, 9 јуни 2020 (МИА) – Во центарот за физикална терапија во Гевгелија пристигна нова, современа дигитална апаратура за рехабилитација на пациенти во вредност од 20.000 евра, набавена преку проект на ИПА програмата за заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во пограничниот регион на Северна Македонија и Грција.

Претходно, преку истиот проект беа комплетно реноворани и преадаптирани просториите на Општата болница во Гевгелија, беше набавен нов доплер апарат за центарот за дијабет, исто така вреден 20.000 евра. Нов инвентар и дополнителна апаратура за дијализа доби биохемиската лабораторија како и амбулантите за неврологија, урологија и ортопедија, а во завршна фаза се наоѓа и хирушката сала.

Директорот, д-р Митко Крџев изрази голема благодарност до грчките партнери во проектот за нивната неизмерна подршка во заедничките активности насочени кон унапредување на јавното здравје во прекуграничните региони на двете земји.

– Општата болница со проширена дејност во Гевгелија станува современа здравствена институција која нуди квалитетни услуги за пациентите и опремена е со соодветна опрема која овозможува олеснување во работата и секако многу помага во дијагностицирањето на болестите, рече Крџев.

Покрај ова,директорот Крџев изрази благодарност и до компанијата „Новоматик“ и казиното „Фламинго“ кои деновиве на болницата и донираа нови кревети и медицински инвентар за заштита од корона вирусот, вредни 20.000 евра. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме