Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ДЗР: Потребно е унапредување на системот за финансирање и квалитет на високото образование

ДЗР: Потребно е унапредување на системот за финансирање и квалитет на високото образование
Img 7972

Активностите на државните органи надлежни за спроведување на образовната политика и политиката за вработување не се доволно ефективни за осигурување на вработувањето на високообразовниот кадар на пaзарот на труд во РСМ, утврдил Државниот завод за ревизија.

Оттаму посочуваат дека нема доволно регулаторни механизми за зајакнување на врската помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и следење на реализацијата на студентите по завршување на студиите со цел обезбедување целосни информации за пореално креирање на националните образовни политики.

„Постои потреба од унапредување и развој на системот за финансирање на високото образование, како и за континуирано следење на квалитетот на високото образование“ – се вели во извештајот „Реализација на високообразовниот кадар на пазарот на трудот во Република Северна Македонија“.

Од ДЗР, очекуваат целосна реализација на отпочнатите активности за дизајнирање и имплементација на нов модел на финансирање на високото образование, како и подобрување на моделот на финансирање на високото образование, зајакнување на механизмот за собирање размена и анализирање на информации од областа на високото образование и пазарот на труд и нивно користење при креирање на образовните политики и политиките за вработување.

Најголемиот дел од препораките се упатени до Министерството за образование. Од ДЗР потенцираат дека ресорното министерство во координација со Владата на РСМ и надлежните институции, мора да ја разгледаат можноста за изменување/дополнување на Законот за високото образование и подзаконските акти во насока на обезбедување на регулаторен механизам за собирање на податоци за вработување на дипломираните студенти и внес на истите во информациската база за високо образование.

„Потребно е спроведување на анализа на потребите на пазарот на труд и утврдување на критериуми за оценување на потребата од акредитирање на Високообразовните станови или студиска програма согласно потребите на пазарот на труд; воспоставување на контрола при определување на квотите за упис на студенти на приватни и јавни високообразовни установи, како и дорегулирање на контролните активности при одземање на акредитацијата на високообразовните установи“ – велат државните ревизори.

Од МОН се бара да воспостави информациски систем со интегрирани информации за следење и анализа на високото образование. Но, препораките не се насочени само кон министерството. ДЗР потенцира дека и Агенцијата за квалитет на високото образование треба да отпочне со активности за спроведување на надворешна евалуација на високото образование.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места